← Лизгај · 6 фотографии
Ливерпул - Ретро Дрес 2007/2008
Овој дрес од сезоната 2007/2008 потсетува на времето кога Ливерпул беше жилав, организиран и секогаш незгоден противник на европската сцена. Рафа Бенитез беше на клупа, капитенот Џерард диригираше од средината, а Торес во својата прва сезона се претвори во машина за голови.
Овој дрес веднаш те враќа таму. Длабока црвена боја што се памети, бела јака што му дава посебен шмек, и логото на Carlsberg кое многумина го поврзуваат со златно време за клубот. Едноставен, спортски и полн со значење.
Изработен од удобен и квалитетен материјал, оваа ретро верзија е совршена и за секојдневно носење. Дрес што буди носталгија.
Ливерпул - Ретро Дрес 2007/2008
Лесен материјал што дише, погоден за игра и секојдневно носење. Регуларен крој — ако сакаш полабаво, земи една големина поголемо.
Избери големина, додај го дресот во кошничка и внеси ги податоците за достава. Ќе те контактираме за потврда на нарачката.
Плаќањето е при достава — во готово, кога ќе го добиеш пакетот.
Доставуваме низ цела Македонија. Нарачката обично стигнува за 1–3 работни дена.
Можеш да го замениш дресот за друга големина. Пиши ни веднаш по приемот и договори замена.
Погледни ја табелата за големини. Ако си помеѓу две големини, препорачуваме да земеш поголема.