← Лизгај · 5 фотографии
Ливерпул - Ретро Дрес 2007-2008 - Гостински
Црниот гостински дрес од сезоната 2007/2008 изгледаше моќно уште од прв поглед.
Бенитез на клупа, Џерард како лидер во средината, Торес во напаѓачка форма што ретко се гледа уште од првата сезона.
Црната основа во комбинација со црвени и бели елементи дава чист и модерен изглед кој и денес изгледа одлично. Напред стои логото на Carlsberg – детал што веднаш те враќа во едно специфично време на Ливерпул. Дресот е направен од удобен и квалитетен материјал и лесно се комбинира и надвор од теренот.
Ако го паметиш тој тим, овој дрес ти буди повеќе од само спомени. Тоа е вистинско парче за фанови што го живееле фудбалот од таа ера.
Ливерпул - Ретро Дрес 2007-2008 - Гостински
Лесен материјал што дише, погоден за игра и секојдневно носење. Регуларен крој — ако сакаш полабаво, земи една големина поголемо.
Избери големина, додај го дресот во кошничка и внеси ги податоците за достава. Ќе те контактираме за потврда на нарачката.
Плаќањето е при достава — во готово, кога ќе го добиеш пакетот.
Доставуваме низ цела Македонија. Нарачката обично стигнува за 1–3 работни дена.
Можеш да го замениш дресот за друга големина. Пиши ни веднаш по приемот и договори замена.
Погледни ја табелата за големини. Ако си помеѓу две големини, препорачуваме да земеш поголема.